(ВИДЕО) Заев: Преговорите продолжуваат, влада ќе има наредните денови

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на БЕСА, Билал Касами рече дека се уште не им се доближени целосно ставовите и дека од утре продолжуваат повторно преговорите со сите потенцијални партнери во владата.

Тој не одговори што конкретно е пречката за коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА, но рече дека е сигурен дека наредната недела ќе има нова влада.

Според Заев, укинување на екстерното тестирање е приоритет кој што не може долго да чека и дека и натаму ќе останат верни на принципот еднаквост за сите и дека нивните одлуки ќе бидат само во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Лидерот на СДСМ кажа дека денеска освен со БЕСА, се сретнал и со лидерите на ДУИ и Алијансата за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски