(ВИДЕО) Заев: Може да разговараме за избори во октомври 2020

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција упати повик за лидерска средба која би се одржала в петок, 19-ти јули во 14 часот во Клубот на пратеници.

Поканата за лидерска средба премиерот ја упати кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети и до претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, а најави разговори и со други парламентарни партии.

На лидерската средба, како што посочи Заев, би се разговарало за нов изборен законик и изборен модел, за законот за јавно обвинителство односно решавање на статусот на СЈО и за пописот.

За условот на ВМРО-ДПМНЕ, да има лидерска средба само ако се разговара за предвремени избори, Заев вели дека целта е сите партии и власта и опозицијата да се договорат за клучни прашања и важни одлуки за државата до октомври кога се очекува датум за препорака за старт на преговори со ЕУ.

„Подготвени сме за избори напролет, наесен или било кога, но државата е приоритет. Останувам на ставот за редовни избори. Брзи избори видовме до каде ја донесоа државата само заради политички калкулации. Ако требаше да се оди на парламентарни избори ќе одевме заедно со претседателските, редовните се декември 2020, но може да разговараме и за октомври идната година“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата