Заев: Повеќе од половина од парцелата кај Холидеј Ин е предвидено да биде зелена површина

Од:

По различните реакции и барања поврзани со изградбата на комплексот за урбано живеење „Гранд Скопје“ спроти паркингот Холидеј Ин, премиерот Зоран Заев изјави дека урбанистичкото планирање и градење согласно законите е клучно, како и важноста за усогласеноста на деталниот урбанистички план со генералниот, што веќе е потврдено.

Премиерот истакна дека цементираното паркиралиште не е трајно решение за Холидеј Ин и дека за конкретниот проект, повеќе од половина од парцелата којашто е во постапка за одобрение за градба е предвидено да биде зелена површина, односно од планираните 12.000 метри квадратни, дури 6.500 се планирани да бидат зеленило. Ова е значително поголема површина од законски предвидениот минимум кој изнесува 20 проценти, објасни тој, додавајќи дека со новиот Закон за урбанистичко планирање не се дозволува паркинг надвор од парцелата, што дополнително го скротува „мегаломанството“ на самата градба.

Доколку се исполнети сите законски услови за реализација, а некој надвор од законот се обиде истата да ја спречи, треба да обезбеди средства за
надомест. Односно, доколку на конкретно место кадешто има објект – куќа, зграда или фабрика, некој сака да изгради парк, и доколку соодветните органи или во конкретниот случај Советот на Општина Центар одлучи така, треба да обезбедат пари да го платат тоа и да го направат паркот. Во случај тоа да не се реализира, треба да дадат планот да се развие, односно да ја исполни целта на постоењето, заврши тој.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?