Заев со порака до младите: Пред вас е предизвикот да обезбедиме европска иднина

Од:

Пред вас младите е предизвикот да донесеме уште една правилна одлука и да обезбедиме европска иднина за Македонија, им порача премиерот Зоран Заев на младите социјалдемократи кои денеска избираа нов претседател.

– Нашата Македонија е на јасен пат. Време е за уште една правилна одлука. Знаете што носи членството во ЕУ и НАТО. Знаете дека носи безбедност и стабилност на државата, но и современо образование, модерни студентски домови, униевризтети, школи, носи нови инвеститори кои сакаат предвидлива клима за инвестирање, нови работи места, повисоки плати, шанси за свои бизниси, шанси за успех, шанси за живот, во родната земја. Ајде израдувајте ги родителите со вашата зрелост, одржете лекција на скептичните, покажете што значи патриотизам и како се сака Македонија, со срце, рече Заев.

Додаде дека Македонија се интегрира во светот со заштитен македонски јазик и македонски идентитет.

– За европска Македонија може да се избори и ќе се избори само европска младина. А Македонија има европска младина. Тоа е секој млад човек во нашата држава, рече Заев, истакнувајќи дека младите луѓе се оние кои одлучуваат за нивната иднина.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема