(ВИДЕО) Заев: Почитувањето на големите датуми е само мал дел од нашата должност кон минатото

Од:

Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато, рече претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на денешниот централен настан на одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание, пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје, во дворот на Владата, на кој повеќе делегации положија цвеќе.

Заев во говорот посочи дека патриотизмот не завршува тука. „Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, како што нам, причини за славје ни даде генерацијата на партизаните од антифашистичката и народноослободителната борба“.

– Пред 76 години нашите сограѓани во Прилеп и Куманово се одважија и презедоа акции со кои го означија почетокот на востанието на македонскиот народ и на сите други граѓани во Македонија против фашистичкиот окупатор и почетокот на завршните процеси во впишување на македонската држава на мапата на народите во светот, рече Заев.

Во такви бурни преломни времиња на светската историска сцена како резултат на националната ослободителна борба и антифашистичко востание се роди и нашата држава, посочи Заев.

Пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје, освен владината делегација свежо цвеќе положија и делегации на Собранието предводена од пратениците Јулиана Николова и Диме Велковски, на АРМ, предводена од заменик- началникот на Генералштабот, генерал- мајор Мухамет Рацај, на Сојузот на борците предводена од Никола Стојановски и други делегации на државните институции и дипломатскиот кор.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?