Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

Од:

11 Октомври е дата врежана во националната свест, денот кога македонскиот народ се исправи пред неправдата, денот кога избра храброст наместо страв, достоинство наместо покорност. На 11 октомври, 1941 година, започна борбата за слобода, еднаквост и државност, борба што ја втемели идејата за Македонија каква што ја знаеме денес.

Ова е дел од празничната порака на претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.
Лидерот на ЗНАМ потенцира дека секој 11 Октомври е потсетник за слободата која не е дадена, туку постојана одговорност да ја чуваме, да ја браниме и да ја надградуваме државата со дела, а не со зборови.

„11 Октомври не е само симбол на минатото, тоа е патоказ за иднината. Денес, нашата борба е поинаква, но суштината е иста. Денес имаме обврска и кон нашите предци, но пред сѐ кон нашите потомци, да изградиме достоинствена, праведна и просперитетна Македонија. Да создадеме држава во која младиот човек ќе има причина да остане, во која трудот ќе се вреднува, а правдата ќе биде достапна и еднаква за сите“, изјави Димитриевски.

„Движењето ЗНАМ постојано работи на остварување на визијата дека денес повеќе од кога било Македонија има потреба од единство и од политики што обединуваат, а не делат. Мора да ја оправдаме храброста на генерациите што се изборија за слободна земја бидејќи тоа е наш потсетник дека патриотизмот не се изговара, тој се докажува со дела, со чесна работа, со одговорност и со љубов кон својата татковина.

ЗНАМ го продолжува тој завет – да создаде Македонија која ќе биде место на достоинство, знаење и можности.
На овој голем национален празник, движењето ЗНАМ упатува честитка до сите граѓани на Македонија со порака дека најголема победа е кога сме заедно, кога се гледаме во очи со почит и кога веруваме дека иднината не се гради со поделби, туку со заедничка волја и љубов кон татковината.

Да живее Македонија – горда, исправена и силна! Да живее духот на 11 Октомври!“ се вели во празничната порака.

Би можело да ве интересира

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло

И по највисоките признанија остануваат нови предизвици, вели Андоновски во име на добитниците на наградата „11 Октомври“

Катерина Ѓуровски

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски