Заев: Петтиот пакет мерки ќе им помогне на најпогодените

Од:

Околу најавениот петти пакет владини антикризни мерки и неговата содржина, како и временскиот термин од кога тој ќе важи, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Тој потсети дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.

Заев рече дека досега со економски мерки се подржани најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.

„Една милијарда и сто и педесет милиони евра се поделени пари по сите основи, кои досега ги развивме како пакети и продолжуваме понатаму. Им се помогна на категориите, активни баратели на работа, вработени со плата до 15.000 денари, младите, студентите кои добија ваучери, картички и слично.

Деновиве се дава помошта од 6.000 денари на трансакциските сметки на пензионерите со пензија до 15.000 денари, на пасивните баратели на работа, на самохраните родители. Се надеваме наскоро на вакцината и дека сето ова ќе заврши во првото тримесечје“, рече премиерот Заев и упати апел за навремено прифаќање на жалбите на самохраните родители и купување на домашни производи.

„Апелирам и до сите корисници на оваа помош, од пари, коишто се на сите нас граѓаните, да ги користат средствата за купување на домашни производи и услуги, заради тоа што со тоа на директен начин ја помагаат домашната економија“, рече премиерот Заев и заклучи дека државата преку Владата, Парламентот, Претседателот е тука за да им се најде на сите граѓани на кои им е потребна помош.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска