Заев: Оваа Влада е стопроцентно определена за членство во НАТО и ЕУ

Од:

Оваа Влада е стопроцентно определена за членство во НАТО и ЕУ и тоа така и ќе остане. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ги има коригирано своите ставови и ако денеска го прашате дали е за НАТО и за ЕУ, ќе ви каже дека е за НАТО и за ЕУ.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање за поранешни ставови на Рашковски за НАТО и ЕУ, посочувајќи оти во демократијата секогаш може да се изрази одредено несогласување и спротивставување за одредени состојби.

– Знам дека еден од авангардата тука во Владата кои се про НАТО и ЕУ заради тоа што увидуваат и во секојдневното функционирање кои се придобивките, е токму и генералниот секретар Драги Рашковски, рече Заев

Животот низ годините, потенцира, некогаш предизвикува разочарување во одредени работи.

– Имавме ние бомбардирање на соседи овде од НАТО, имавме акции кои некој пат некој поединец не се согласувал со НАТО. Но, со генералните политики на НАТО апсолутно стоиме на иста линија и верувам дека е голема чест да бидеме 30-та членка на НАТО, имајќи во предвид дека 193 земји се само членки на ОН, а ние наша Македонија онолку колку што е голема ја добива конечно таа чест да стане членка на НАТО со испорачана покана и официјално за полноправно членство, изјави Заев по потпишувањето на Спогодбата за повисоки плати во здравството.

Би можело да ве интересира

Захарова: Присуството на НАТО на Арктикот е провокација

Данска: Одбраната на Гренланд е заедничка одговорност на НАТО

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ