Заев: Отвораме сегашност и иднина за младите во Македонија

Од:

„Со финансиска поддршка на 8-мина млади невработени луѓе да развијат сопствен бизнис, општина Струмица  и јас како градоначалник ја потврдуваме нашата цврста определба – да отвораме сегашност и иднина за младите во Македонија“, оваа порака, денеска, ја упати градоначалникот Зоран Заев на доделувањето на наградите за најуспешни бизнис планови во проектот „Поддршка на почетни бизниси за млади“.

-Проектот „Поддршка на почетни бизниси за млади“  го заокружуваме со тоа што ќе доделиме по три илјади евра во денарска противвредност, на овие млади луѓе за кои формираната комисија одлучи дека имаат најдобри бизнис идеи. Станува збор за неповратни пари што на секој од вас ќе му послужат, да почне да ја реализира својата идеја. Од комисијата на економскиот оператор „Нолиџ центар“ од Скопје за имплементација и следење на реализацијата на проектот, информиран сум дека стигнале уште многу други добри бизнис идеи. Носителите на тие идеи, тие млади луѓе, посетуваа обуки за бизнис и добија сертификати што ќе им помогне во нивните натамошни професионални ангажмани. Ве уверувам, ќе продолжиме да ги мотивираме младите луѓе да осмислуваат и креираат сопствени бизниси, својата иднина да ја гледаат и да ја градат тука во Македонија.  Знам што значи на младиот човек да му се подаде рака кога му е најпотребно. Завршуваат младите луѓе факултети, остануваат без работа и без ангажман и потоа, разбирливо, ни заминуват од државата.  Не би било така кога државата би им овозможила, на пример, пракса, дошколување или работно место. Во име на општина Струмица и во име на нашите партнери, вам младите ви посакувам да го остварите својот сон. Сакам да знаете, ние ќе ви помогнеме да успеете. Но ја гледам вашата посветеност и ве охрабрувам, ние верувавме во вас, верувајте и вие во себе. Нека биде овој настан порака и до сите други млади луѓе, дека мојата главна цел е ваша поддршка. Вие младите да учите, работите, живеете, овде во Македонија, рече градоначалникот Заев.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ