Заев: Опозицијата се обидува со разговори помеѓу трети лица да ме инволивира

Од:

Чуден е овој Мицкоски и неговите околу него. Знаете како, секаде тој се слуша во едни други бомби како тој договара, како прави криминал, како заштитува криминалци, како го осптруира носењето на Законот за јавно обвинителство, како редовно прима пари за финансирање на партија и на кампања и тоа го покажува грдото лице, одговори денеска во Штип лидерот на СДСМ, Зоран Заев на новинарско прашање за новата бомба, која утринава е објавена за станбен простор во Бутел.

Тој посочи дека преку оваа бомба од друга страна, опозицијата се обидува со разговори помеѓу трети лица да го инволвираат.

– Заев работел чесно, Заев работел поштено, Заев покажал комплетна посветеност за својот народ, за својата земја. Уште еднаш ќе испратам порака до сите дека сето ова што власта го правеше во целиот овој период е конкретно видливо и докажливо. Сето она што го зборува опозицијата е бла, бла, ништо повеќе. Требаше храброст за да падне режим – 2015 видоа храброст, требаше храброст да го обединиме нашето мултиетничко општество, да го создадеме концептот „Едно општество за сите“ за да денеска имаме мирни духови – еве им храброст, вели Заев.

Забележа дека требаше храброст да се решат споровите со Грција и Бугарија, кои 30 години беа отворени и на тој начин, какошто рече покажавме храброст.

-Требаше храброст за стратешките цели на државата – членство во НАТО и одлука за почеток на преговорите – покажавме храброст. И додека сите овие стратешки прашања ги решававме ја кренавме економијата од минус 1,8 на 3,6, рече Заев.

Лидерот на СДСМ, Заев денеска од Штип порача дека како партија покажале и докажале оти има пари за сите и какошто рече инвестираат во човечкиот капитал, во човечките ресурси, а не во споменици, стиропорни фасади, жални врби, музеи и што ли уште не од глупости на коишто се нагледавме.

-Ја дигнавме слободата, слободата на говорот, ја вративме демократијата во нашата земја. Само тоа е важно и тоа е видливо и тоа се факти, вели Заев.

Додека опозицијата може да го обноват само режимот и им препорача да си ја обноват својата партија наместо да се трудат да ја обноват татковината.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски