Заев од утре на одмор, преговорите за новата влада продолжуваат по Илинден

Од:

Од СДСМ информираат дека лидерот на партијата Зоран Заев од утре ќе користи неколку денови одмор, кои ќе ги помине во државата. Преговорите за формирање на новата влада ќе продолжат по Илинден, со запазување на законските рокови, по што државата ќе добие функционални и легитимни институции, велат од СДСМ.

– Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. По Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции, соопштуваат од партијата.

СДСМ им честита на граѓаните за, како што велат, демократскиот капацитет со кој донеле јасна одлука каква Влада и каква држава сакаат во следните четири години.

– На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“. Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе. Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?