Заев од Куманово: Вечерва ќе се одлучува за идната стратегија на СДСМ

Од:

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, ги посети куќите од Диво Насеље каде викендов се водеа борби помеѓу полицијата и терористичката група.

Претседателот на СДСМ беше пречекан со овации, а народот го поздравуваше со аплауз.

Заев рече дека дошол да го посети местото каде викендов се случуваа немилите настани и порача никогаш да не се повтори. Полициските сили, според него, професионално си ја завршија работата и биле крајно вниматели со народот.

На новинарско прашање за заклучоците од Советот на безбедност, Заев рече дека не било кажано ништо повеќе од тоа што е соопштено на јавноста. Тој рече дека „за една работа било излажано на Советот“, но не сакаше да го сподели тоа со јавноста.

– Според информациите што беа пласирани, полицијата осум месеци ја следела групата и имала информации за неа. Надлежните можеле да постапат поинаку и да спречат да не дојде до ова сценарио. Претседателот воопшто не бил информиран за сериозноста на акцијата и поради тоа заминал во Москва. На прашањата кои ги поставив, не добив одговор, освен дека тоа МВР ќе го соопшти – изјави Заев.

Заев рече дека ќе продолжи со „бомбите“ и дека партиските органи ќе заседаваат вечерва и ќе донесат стратегија како ќе бидат објавувани. Целата подготовка за митингот в недела се одвива непречено и до утре ќе се знае сè и околу неговата стратегија. Тој обвини дека целата ситуација во државата се искористила за некој да влезе во земјавата и да направи инцидент, а власта била зафатена за останување на власт и не превенирала, а можела сето тоа да го спречи.

Тој побара оставки од надлежните и формирање преодна влада која ќе има цел да организира избори.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар