(ВИДЕО) Заев: Од април нема да бидам градоначалник туку ќе бидам премиер

Од:

Изборот на нови министри предложени од опозиццијата за лидерот на СДСМ Зоран Заев е чекор кон демократските промени во земјата.

Учеството на овие министри во Владата, како што рече тој, е во улога на контролори да ја гарантираат слободната воља на граѓаните.

„Во Македонија мора да има и ќе има слобода и демократија. Нашето учество во преодната Влада е во улога на контролори да ја вратиме слободата, а на 24-ти април ќе го вратиме уставот за кој сите се залагаме. СДСМ партиципира во новата Влада за да биде гарантор за спроведување на законите во РМ“, изјави Заев зенеска од пред Собранието.

Ова не е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев и додаде дека пратеничката група на СДСМ не ја гласаше новата министерка за информатичко општество затоа што СДСМ не може да даде подршка на кадровските решенија на ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарско прашање, дали ќе остане градоначалник по предвремените избори наредната година, тој рече:

Нема да бидам градоначалник затоа што ќе ја добијам честа да ја водам новата Влада на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!