Заев: Очекуваме Унгарија да го екстрадира Груевски

Од:

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија. Заев очекува тој да биде екстрадиран во земјава и да ја отслужи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на „мерцедесот“ од 600 000 евра.

„Остро и категорично да ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски. Вчера 10 мин пред да биде објавена веста дека Груевски е во Будимпешта дадов изјава и кажав дека имаше многу скептици дека нема да бидат политичари исправени пред суд, тоа се случи. Имаше многу скептици дека нема да има судски пресуди и тоа се случи, дека нема да има второстепени пресуди, дека жалби за одење во затвор ќе бидат политички договорени – не. Досега се потврди владеење на правото и независност на правосудните институции до максимум. Јас сум убеден дека времето ќе покаже дека Груевски ќе се врати назад и ќе ја отслужи својата казна и секако ќе биде исправен пред суд да и за други дела за кои е осомничен“, рече Заев.

Според него, Груевски е кукавица затоа што претходно зборувал дека тој ќе ја преземе одговорноста само други лица да не бидат таргет, а сега избегал надвор од државата.

„Каков кукавица е тој кој што цело време велеше дека тој за Македонија е спремен да оди во затвор, тој, само да не бидат други таргет. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста избега како кукавица надвор од джрвата обидувајќи се да добие аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа за што е осуден. Казните мора да бидат одлежани, така да ние ќе направиме сè што е во наша надлежност да го испорачаме назад Груевски. Веќе се почнати некои постапки“, рече Заев.

Тој рече дека постоеле гласини дека некој може да бега, но власта не можела да презеде дејствија за некој кој сè уште е слободен човек и кој нема уаптен акт за затвор.

Заев рече дека Министерството за внатрешни работи на Унгарија контактирало со македонското МВР и потврдило дека Груевски е таму и дека бара азил и побарале информации за што е осуден во нашата земја.

„Секако се очекува за една земја како Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на РМ. Каква е мотивацијата за нас за членство во ЕУ кога една земја членка на Унијата би била засолниште на криминалци и не го почитува меѓународното владеење на правото и меѓународната пракса“, рече Заев.

На новинарско прашање кој ќе ја сноси одговорноста за бегството на Груевски, тој вели дека ако граничната полиција направила пропусти, ќе има последици.

„Апсолутно секој процес го водиме транспарентно и нема ништо тајно и заткулисно. Пропусти нема направено ниту една институција единствено ако граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи секоја постапка и сè ке биде јавно објавено“, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот