(ВИДЕО) Заев: Очекуваме договор денес или утре

Од:

Очекуваме да постигнеме договор за преговорите денес или утре ако даде Господ, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со тројцата европратеници.

Како што рече тој, има сериозни приближувања на преговарачката маса, дека е постигната согласност за изборниот законик и за анкетната комисија, а деновиве очекува да се постигне согласност за останатите отворени прашања.

Заев изјави дека деновиве се преговара за законот за бомбите и свиркачите а во пакет со тоа и законот за владата, кој треба да го регулира прашањето за министри и заменици предложени од опозицијата.

По средбата со европратениците Заев изјави дека не постои друго решение за политичката криза во земјата освен целосно спроведување на договорот постигнат во Пржино.

-Социјалистите и демократите во институциите на Европската унија се вклучени во напорите на меѓнародната заедница да се најде решен за политичката криза што ја предизвика власта во заминување. Кај нашите пријатели и искрени поддржувачи постои сериозна загриженост во прекршување на роковите предвидени со договорот – изјави тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус