Заев: Очекувам владината коалиција да опстои и да продолжи да зајакнува

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува владината коалиција да опстои и по локалните избори, а парламентарното мнозинство да остане стабилно и да расте. Вели дека е отворен за соработка со сите, вклучително и со поединци од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во интерес на граѓаните и на државата.

– Продолжуваме заедно со ДУИ, ги поддржуваме кандидатите на ДУИ и веруваме дека тоа ќе биде најизвесниот добробит за граѓаните на Македонија, изјави Заев при денешната посета на Драчево.

За коалицирањето на Алијансата за Албанците на Зијадин Села со БЕСА за вториот круг и дали прегрупирањето ќе значи и нејзино излегување од Владата по 29 октомври, Заев рече дека тоа е легитимно право зашто има противкандидат од ДУИ во Гостивар и во Струга.

– Немало отворен состанок, дебата, дилеми или било што, дали Алијанса излегува или не. Секако, право е на Алијанса како ќе одлучат тие. Јас очекувам дека владината коалиција ќе опстои и ќе продолжи да зајакнува во периодот што претстои. Но убеден сум дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа ќе расте, изјави Заев.

Рече дека немаат договарано со ДПА ниту имал состанок со лидерот на таа партија Мендух Тачи за коалиции за ново парламентарно мнозинство или учество во власта. Немал состанок ниту со реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ. Потсети дека ДПА во март била незаинтересирана да влезе во власта, како и БЕСА која, рече, одлучи да не влезе со испораката на неприфатливи работи.

– Отворени се вратите за соработка со сите. Владиното мнозинство треба да расте и треба да биде постабилно зашто пред Македонија се сериозни одлуки коишто треба да ги носиме. Остануваме отворени за разговор со сите, вклучително и за поединци од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Зборувам генерално како луѓе со луѓе. Македонија е исправена пред сериозни реформи, ни требаат соработки. Знам дека доста нивни пратеници досега изразиле несогласување со политиките на ВМРО-ДПМНЕ и полека се оградуваат. Јас не претендирам тоа да значи нивно преминување во СДСМ, само барам соработка во интерес на граѓаните и на државата, истакна претседателот на СДСМ и премиер Заев.

ТВ-интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го оцени како хаотично, а на неговите обвинувања за изборни нерегуларности рече дека на влезот на самата кампања сите анкети покажувале водство на СДСМ и колаицијата.

На обвинувањето за прислушување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Заев одговори дека со промена на власта нема незаконско прислушување во Република Македонија, посебно не, како што рече, кон политичкиот противник.

Во врска со најавата на ВМРО-ДПМНЕ за реферндум за договорот со Бугарија по изборите, Заев рече дека е демократ и дека демократското право секојпат треба да се користи, но да биде согласно со процедурите, законот и прописите што ги дефинира Уставот.

– Истовремено и во согласност со нашата поставеност на градење пријателства со соседните земји. Отворен сум за дебата и сакам да ги видам сите различни мислења, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Етноцентристичките изјави на некои од ДУИ се опасна игра предупеди Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: На 22 мај зборуваше народот, ДУИ не успеа во деформирањето на волјата на Албанците

ДУИ: Изборниот легитимитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне

Катерина Ѓуровски

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето