Заев: Очекувам Бугарија да продолжи да ни биде искрен пријател, за Гоце Делчев да најдеме решение во духот на заедничката историја

Од:

Очекувам во идниот период Бугарија да продолжи да биде искрен пријател на Република Северна Македонија. Верувам дека и прашањето за Гоце Делчев ќе го решиме во духот на заедничката историја, каде што двата народа, и македонскиот, и бугарскиот, ќе останат горди народи. И тука да нема дилема, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Додаде дека актуелната влада покажала оти пријателски е настроена за разлика од претходната која, рече, немала капацитет освен за кавги и за проблеми со соседите.

-Ние најдовме решенија на отворените прашања кои нè направија пријатели со соседите, рече Заев на прашање како ја коментира вчерашната изјава на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој по видеосамитот ЕУ – Западен Балкан рече: „ние кажавме кои се нашите услови за Република Северна Македонија да биде примена во Европската Унија“ и „да не си поставуваат невозможни услови“.

Заев смета дека наративот е „испровоциран“ од нашата опозиција и оти е создадена тензија која, како што рече, треба да ја надминеме со разумност, одговорност и пријателство и во духот на потпишаниот Договор за добрососедство.

-Очекувам, исто така, и бугарската страна да продолжи да негува пријателски односи кон нашата земја, народите ни се блиски и пријателски, владите се блиски, сите политички субјекти блиско соработуваат и верувам дека во иднина ќе продолжиме со соработката. Мене ми е јасно дека сме застанати на историските поглавја од кои четири затворивме – Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум. Тоа е објавено и во ред, во духот на заедничката историја од минатото. Верувам дека и прашањето за Гоце Делчев ќе го решиме во духот на заедничката историја, каде што двата народа, и македонскиот, и бугарскиот, ќе останат горди народи. И тука да нема дилема, истакна лидерот на СДСМ, одговорајќи на прашања на прес-конфереренција.

Нагласувајќи дека со источниот сосед имаме пријателски односи и ги негуваме додаде и дека му е драго што нема дилема околу македонскиот јазиик и македонскиот народ.

-Тоа е наша реалност денеска, тоа е признато и потпишано и не почнува од мене. Во1999 година Љубчо Георгиевски потпиша договор на македонски јазик, согласно со Уставот. Новината е што потпишавме договори каде што е македонското кирилично писмо и стои потписот на Заев и Бојко Борисов. Тие не го негираат. Современ политички субјект и современа европска влада не може да негира идентитет. Идентитетот наш е во личната карта во Обединетите нации и признат од целиот свет, рече Заев.

На прашањето дали имал разговор со Борисов по неговата вчерашна изјава, одговори дека не е до него во моментов да дискутира, разговара и да се јавува, туку на министрите за надворешни работи кои, рече, се во постојана комуникација и соработуваат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит