Заев: Невини луѓе лежат во затвор за масакрот кај Смилковско езеро

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за германскиот весник „Ди Цајт“, вели дека седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини и неправедно седат во затвор.

Заев е внимателен и вели дека објавувањето на политичката бомба за „ Монструмв“ може да предизвика немири во албанската заедница во Македонија.

„Може да има и жртви. Затоа во моментов водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да биде многу внимателни со вистината. Мораме да го сочуваме единството на народот – вели Заев ,во интервју за германскиот весник „Ди Цајт“, пренесува Дојче веле.

Тој не верува дека премиерот Никола Груевски ќе даде оставка. Тоа, вели, би значело лично признание на вината.

„Сметам дека преку преговори можеме да изградиме преодна влада. И потоа, и за него би имало можност за достоинствено повлекување“ вели Зев во интервју за „Ди Цајт“.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски