Заев: Несериозно е сега да зборуваме за одложување на изборите, најважно е здравјето на граѓаните

Од:

По средбата меѓу сите лидери на политичките партии, претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека неговата партија наместо митинзи, кампањата ќе ја води преку социјалните мрежи, медиумите, преку вклучувања во живо. Тој кажа дека најважно е здравјето на граѓаните, а мерките мора сите да ги почитуваат. На средбата не се разговарало за одложување на изборите, рече Заев, потенцирајќи дека е несериозно да се разговара за тоа прашање 30 дена пред одржувањето.

„СДСМ веќе се обидува да има други начини за компеназација на големите митинзи и јавни настани. Преку интернет порталите, ‘Фејсбук’, лајв-стриминзи и вас медиумите ќе биде кампањата. Се друго е од секундарно значење, најважно е здравјето на граѓаните. Не се зборуваше за изборите. Она што можам да го кажам дека несериозно и неодговорно уште сега да разговараме дали по 30 дена ќе се одложат изборите. Мерките се до 24 март, два дена до кампањата. Несериозно е од сега да се зборува за тоа, ќе видиме какви ќе бидат информациите тогаш“ рече Заев.

Средбата со лидерите на останатите партии ја оцени како конструктивна на која се разговарало за решенија на институциите за справување со коронавирусот.

„Добро е што сите сме заедно кога во прашање е заштита на здравјето на граѓантие. Тоа е највисок приоритет на сите институции и сите политички субјекти. На сила се сите мерки. Утврдивме дека начинот на водење на предизборната кампања ќе биде согласно препораките на Минситерството за здравство и владините институции. Овие мерки се за справуавње со ситауацијата. Имаме должност сите да ги почитуваме. Апелирам до сите политички партии да не мрднеме ни милиметар од препораките. Уверен сум дека заедно оваа состојба ќе биде набрзо надмината“, додаде Заев.

Запрашан дали ќе понесе оставка ако СДСМ изгуби на престојните избори, Заев кажа дека сите релевантни анкети и впечатоци кажуваат дека тие ќе ја понесат победата и ќе ја добијат довербата од граѓаните.

„Јас немам ништо ново да кажам, СДСМ ќе победи. Коалицијата е најбројна, најразнолика. Напротив, сите релевантни анкети покажуваат дека ние водиме. Да ги оставиме граѓаните да ја донесат одлуката. Изборите се најрелеванта анкета. Не помислуваме на други алтернативи, убедени сме согласно сите впечатоци и аналити дека граѓаните ќе ни дадат повторно да ја водиме власта“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески