Заев: Немам симптоми, резултатите ги очекувам во текот на денот

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев преку својот ФБ профил информираше дека во текот на минатата недела имал ТВ интервју со новинар позтивен на КОВИД-19, но дека ги презел сите мерки согласно протоколите.

– Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица, напиша Заев.

Тој кажа дека ги очекува резултатите во текот на денот, по што ќе знае што понатаму.

– Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, кажа Заев.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска