(ВИДЕО) Заев: Нема договор, нема избори без прочистен избирачки список

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев прв замина од преговорите во Пржино, по речиси десет часа преговори. Тој кажа дека нема договор околу датумот за избори, и доколлку се на 24. април, тие ќе се одржат без СДСМ.

Заев најави дека повеќе информации партијата ќе даде во текот на утрешниот ден, но во кратката изјава рече дека преговорите пропаднаа и СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори.

– Не отстапуваме од слободни и фер избори. Избори се можни само со прочистен избирачки список и минимум професионални медиумски стандарди. Продолжуваме да се бориме. Избори на 24. април не прифаќаме, рече Заев.

А1он претходно информираше дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа одложување на изборите, но истовремено не нуди гаранции дека е можно прочистувањето на избирачкиот список.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев