Заев: Нека оваа награда биде стимул за оние кои носат сериозни одлуки и за идните генерации дека не постои конфликт кој не може да се реши низ дијалог и пријателство

Од:

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се овогодишни добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која им се дава признание за Преспанскиот договор со кој е постигнато решение на спорот за името.

„Mи претставува особена чест и изразувам голема благодарност до Економската заедница на Вестфлија и Липе за доделувањето на престижната меѓународна мировна награда на Вестфалија. Наградата не е значајна само за нас како поранешни Премиери на нашите држави.

Таа е значајна затоа што ги потврдува заложбите на прогресивните и европски политики кои градат траен мир. Значајна е за сите луѓе во Северна Македонија и Грција кои градат пријателски и добрососедски односи базирани на меѓусебна почит и разбирање“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Нека оваа награда биде стимул за сите оние кои носат сериозни одлуки и за идните генерации дека не постои конфликт кој не може да се реши низ дијалог и пријателство“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Ципрас: Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он