(ВИДЕО) Заев: Не верувам дека Рашковски ќе го достигне нивото на Миле Јанакиески

Од:

Премиерот Зоран Заев, прашан дали генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ќе го достигне нивото на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски кои во „бомбите“ се слушаше дека ги навредуваат ромите, рече дека не очекува такво нешто.

Новинарот го праша и дали на следните избори, СДСМ планира да го употреби методот „уши по уши на гласање“, мислејќи разговорот меѓу Гордана Јанкулоска и Васил Пишев кој е дел од прислушкуваните разговори.

„Имаме отворено кривична постапка. Објавена и процесуирана во МВР за градоначалник од редовите на СДСМ. Око не ни трепнува дали е од СДСМ или од која било друга политичка партија. Не верувам дека господинот Рашковски ќе стигне да биде изедначен со такви имиња како што вие ги споменавте бидејќи тоа што го има сторено е по налог на Владата, заради работа на делокругот на неговите надлежности. Да се зборува за провизии на состанок каде биде осум души, апсолутно е далеку од било која нормална свест. Се работи за извршување на своите надлежности во имплементација на проекти кои биле завршени во 2016 година, но до конечната реализација не дошло“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска