Заев: Не би кревал надежи за почеток на преговори во октомври, многупати се изгоревме

Од:

Премиерот Зоран Заев смета дека нема потреба од предвремени избори поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, а следната реална можност кога за тоа ќе се одлучува ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство, согласно праксата на Унијата, иако на 6. октомври е закажан самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ.

– Мислам дека нема потреба, заради тоа што не е во ред – секоја година се одлучува од страна на ЕУ и секоја година не е рационално да се оди на избори. Изгорени сме неколку пати, и јас и нашиот народ, и не би ги кревал надежите за 6. октомври, затоа што нема логика, имајќи предвид дека ваквите одлуки Европскиот совет и Советот за општи работи ги носат на крајот на полугодието кога завршува претседавањето на одредена земја. Верувам дека Словенија исто така ќе покаже сериозен фокус по ова прашање. Продолжуваме со напори, со обиди знаејќи до каде смееме и што е дозволиво за разговори вели Заев.

За патоказот, премиерот Заев посочи дека во него на 18 страници се содржани буквално сите аспекти од соработката – инфраструктирата, економијата, спортот, култура, онбразование, одбраната. Тој нагласи дека таквиот предлог за соработка во форма на патоказ бил сугерирано од португалската иницијатива.

– Во точките нема ништо проблематично, секако обврската е на двете страни, не само на нашата, за побрза и поефикасна имплементација на Договорот за соработка, пријателстви и добрососедство. Тоа е всушност преземање на обврските… Овој документ беше даден во случај на „зелено светло“, затоа овојпат навистина сакаме да знаеме колку сме сериозни, и ние, но и Бугарија, рече Заев.

Премиерот најави дека ќе продолжат координациите и контактите на ниво на работни групи, и им посака на Бугарија и бугарскиот народ успешни избори кои ќе доведат до Парламент и Влада за, како што нагласи, да може да продолжат политичките контакти.

Во однос на македонsкото малцинство, Заев посочои дека принцип на ЕУ и на секоја земја кандидат е дека не се меша во внатрешните работи, вклучително и за малцинските прашања, бидејќи тие се решаваат пред Судот во Стразбур и во рамки на меѓународните договори и „очекува и Бугарија реципрочно да постапува така затоа што тоа е европски“.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов