Заев: Наградата е обврска за сите наши идни одлуки да бидат посветени на европските вредности

Од:

– Огромна чест и привилегија е да ја добијам Меѓународна награда за мир на Вестфалија за 2020 година, заедно со мојот пријател Алексис Ципрас. Наградата е признание, но и обврска за сите наши идни политички одлуки да бидат посветени на европските вредности и мирот, порача премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи откако денеска неми и на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас им беше врачено признанието на церемонија организирана во Мунстер.

– Како што Вестфалскиот договор не зборува само за мир, туку и за пријателство, така и во суштината на Договорот од Преспа лежи пријателството меѓу Република Северна Македонија и Грција содржано во Преспанскиот договор од 17 јуни 2018 година, вели Заев.

Заев и Ципрас наградата ја добија за потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот