(ВИДЕО) Заев почна да ги објавува „бомбите“: Над 20 илјади граѓани прислушувани во последниве 4 години

Од:

СДСМ почна да објавува дел од документите во кои 20 илјади луѓе, новинари, пратеници, лидери на опозиција биле следени и прислушувани од УБК.

Според Лидерот на СДСМ Зоран Заев оваа бројка од 20 илјади граѓани се однесува на последните 4 години.

Поднесовме кривична пријава против Сашо Мијалков, Горан Груевски од управата за безбедност и контра разознавање и НН лица вработениви во УБК, рече лидерот на СДСМ.

Заев, за вработените кои го пријавиле кривичното дело прислушување, побара да има ослободување.

Тој пушти тонски записи од разговори, кои се дел од 300-те снимени во кои учествувал и тој.

Кажа дека бил следен 48 месеци и прислушуван, како и 20 илјади граѓани, меѓу кои, новинари, лидери на партии, биснизмени, а подоцна овие информации биле употребувани од власта.

Секој ден добивале информации за секој еден прислушуван, вакво масовно прислушување можат да спроведат само државните служби. Од сите што биле прислушувани нема разговори само од Никола Груевски и Сашо Мијалков, ова доволно кажува кој снимал и кој прислушувал. Ја повикуваме Меѓународната заедница внимателно да следи што објавуваме, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија