Заев на трилатерална средба со премиерите на Хрватска и Грција, Пленковиќ и Ципрас: Голема поддршка од Хрватска и Грција во процесот на евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во рамки на одржувањето на 8-иот Самит на Шефови на Влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 во Дубровник, Република Хрватска оствари средба со премиерите на Хрватска и Грција, Андреј Пленковиќ и Алексис Ципрас.

На заедничката средба беше изразена голема поддршка од Хрватска и Грција за евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија, за започнување на преговорите со Европската Унија во јуни како и за целосно заокружување на процесот за полноправно членство во НАТО.

Во рамки на оваа трилатерална средба беше потенцирана заложбата од страна на премиeрите дека во иднина ќе се работи интензивно на зацврстување на економските релации и врски помеѓу трите земји, за унапредување на меѓународната трговија и инфраструктурно поврзување што ќе даде позитивен ефект на домашните економии од што бенефит ќе почуствуваат граѓаните во сите три земји, Северна Македонија, Хрватска и Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Ципрас: Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он