Заев на средба со Тимоние: Мнозинската волја на граѓаните наскоро ќе се реализира

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Франција во Р.Македонија, Кристијан Тимоние.

Констатирано е дека е неопходно стабилизирање на државата преку продолжување на демократските процеси во Македонија.

-Парламентарното мнозинство од 67 пратеници ќе го избере новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада, според Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија. Должност на сите е да ја почитуваме мнозинската волја на граѓаните изразена на кредибилните избори на 11 декември и скоро ќе се реализира, рече Заев.

На средбата е оценето дека е потребно да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија, а тоа се реформските процеси за квалитетен живот на сите граѓани и евро-атлантски перспективи на Р.Македонија. Никакви седнувања на заедничка маса од типот на Пржино 3, 4 и слично не се во интерес на потребниот развој на државата.

-Постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто е единствениот валиден документ за граѓаните и којашто гарантира просперитет за сите луѓе во Македонија и за државата. Таа Програма ќе ја спроведе новата Влада. Груевски се обидува да се наметне како фактор, преку тоа што наметнува непостоечки теми, поттикнува провокации, но ние сме јасни, договор за амнестија нема. ВМРО-ДПМНЕ мора да прифати дека е опозиција. Следува формирање на новата реформска Влада, воспоставување на правната држава и на независни институции, рече Заев на средбата со францускиот амбасадор Тимоние.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев