Заев на средба со прилепски стопанственици: Со навремени мерки спасивме илјадници работни места

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 4 и претседател на СДСМ, Зоран Заев, заедно со кандидатите за пратеници Миле Талевски и Александар Ѓорѓиоски, како и со градоначалникот Илија Јованоски, денес во Прилеп се сретнаа со претставници на Регионалната канцеларија на Стопанската комора.

Потенцирајќи ја важноста на приватниот капитал, Заев рече дека 92 отсто од економскиот раст на државата доаѓа од приватните инвестиции. Поддршката од 70 милиони евра која на годишно ниво државата подеднакво им ја даваше како на странските, така и на домашните приватни компании, нагласи тој, нема да изостане ни наредниот период.

Претседателот Заев ги спомена мерките кои Владата на Северна Македонија ги презеде од почетокот на здравствената криза со КОВИД-19, а кои се однесуваат на директна помош на стопанските субјекти, и според Заев, придонеле за зачувување на илјадници работни места.

Во своето обраќање пред прилепските стопанственици, Заев го презентираше економскиот дел од изборната програма на СДСМ, со посебен акцент на четвртиот пакет на мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?