Заев на средба со амбасадорката на ОБСЕ: Иванов да ја почитува мнозинската волја

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на И.О на СДСМ, Љупчо Николовски попладнево се сретна со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, придружувана од шефот за политички прашања Џеф Били.

На средбата претседателот Заев ги искажа очекувањата на СДСМ околу формирањето на новата Влада во Македонија, како и следните планирани чекори во насока на реформските процеси во земјава.

-Сите во државата, вклучувајки го и претседателот Иванов, мора да ги почитуваат и да ги следат изборот и очекувањата на мнозинството граѓани, кои се изјаснија за промени. Нашиот став е дека треба што поскоро да почнат процедурите за формирање на новата Влада на сите граѓани на Македонија, рече претседателот Заев.

Тој објасни дека основа на приоритетите на СДСМ се извештаите на Прибе и на Европската комисија за реализација на потребните реформи за функционирање на инстутуциите исклучиво во интерес на граѓаните.

-На изборите победи концептот на заедништво и ние така ќе ја градиме Македонија, во едно општество за сите, во држава на граѓани со еднакви права и обврски и со услови за квалитетен живот, рече претседателот на СДСМ, Заев на средбата со амбасадорката на ОБСЕ, Суомалаинен.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата