Заев на средба со новоименуваниот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во посета го прими новоименуваниот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата премиерот Заев се заблагодари за долгогодишната плодна соработка со ОБСЕ, и искажа спремност за продолжување и унапредување на оваа соработка.

Тој исто така ја истакна и посебната улога која ОБСЕ ја има во опстојувањето на демократијата во Македонија, како и стабилизирањето на државата после турбулентниот и кризен период низ кој што помина Република Македонија, како и придонесот што оваа организација го даде во поддржувањето на напорите на Република Македонија да ги спроведе неопходните реформи и во подобрување на меѓу етничкиот дијалог.

„ОБСЕ и мисијата во Скопје, е важен фактор за Македонската влада, посебно во процесот на имплементацијата на отпочнатата реформска агенда. Во таа насока очекуваме дека истата блиска и конструктивна соработка ќе продолжи на основа на докажаната спремност на мисијата да ѝ асистира на македонската влада во постигнувањето на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев на средбата со амбасадорот Која.

Амбасадорот Клеменс Која во оваа прилика се заблагодари за довербата во ОБСЕ, посебно нагласувајќи дека се свесни за процесите кои се случуваат во Македонија, и дека државата и понатаму ја има поддршката за продолжување на својот реформски пат до исполнување на своите стратешки цели.

Исто така, амбасадорот Која истакна дека како и во минатото, оваа организација, останува пријател на Република Македонија и во иднина, подготвена да помогне онаму каде што може за да се задржи фокусот на отпочнатите реформи во државата.

Амбасадорот Клеменс Која, е австриски дипломат кој на позицијата доаѓа од австриското министерство за надворешни работи, каде најмногу работел во одделот за јужна Европа. Исто така бил втор човек на мисијата во Мадрид и Амбасадор во Белград и Љубљана.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски