Заев на ФБ: Добредојде за мојот пријател и колега

Од:

„Добредојде за мојот пријател и колега, Бојко Борисов во Влада на Република Северна Македонија“, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев по официјалниот пречек на бугарскиот премиер кој престојува во земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот од Договорот за добрососедство, пријателство.

– Чест ми што денес на двегодишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со пријателска Република Бугарија, тука во Скопје разговараме за заедничките постигнувања до сега, за тековните проекти кои нѐ поврзуваат и за идеите за заедничката европска иднина, пишува заев на ФБ

Двајцата премиери по билатералните средби во Владата треба да одржат заедничка прес-конференција, по што ќе заминат во црквата „Св. Спас“ каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски