Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Од:

Претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за „Алсат“, призна дека екс-директорот на УБК, Сашо Мијалоков лично разговарал со 8-те одбегани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и им вршел приутисок да гласаат за промена на уставното име.

„Сашо Мијалков збореше со пратеници заради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се збори, во Скопје, насекаде, дека он зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал. “, рече Заев.

Во однос на притворот на Сашо Мијалков, Заев и тука вели дека, можело да се случи да не биде притворен ако бил во интерес на политичкиот процес.

Сепак, на прашањето како се случило Сашо Мијалков да излезе од притвор пред гласањето за уставните измени и истовремено со амнестијата, Заев кажа дека тој се залагал да нема долги притвори, што отвори сомнеж дека имал влијание врз судот.

– Една од заложбите на Шарената револуција беше да не се држат луѓе по 300 дена во притвори. Ако заврши истрагата, кој нека е, Заев, Мицкоски, Груевски, да се дадат олеснителни околности и мерки, рече Заев.

Пратеничката Елизабета Кначеска Милескана на нејзиното последно судење ја убедуваше јавноста дека таа гласала за Северна Македонија по сопствено убедување и дека никој не и извршил притисок. И на денот на гласањето Канческа Милеска, се правдаше дека гласот го дава за европската иднина на државата и ги прозва пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека ги кочеле процесите.

Инаку, пред да се изгласаат уставните измени, имаше обид за промена на член од Кривичниот Законик, со кој од вина би се ослободиле пратеници и поранешни функционери против кои се водат постапки од страна на Специјалното Јавно Обвинителство. Промените на кривичниот законик не поминаа, но според извори на Макфакс, ќе се бара друго законско решение, пратениците кои се осомничени, а избегаа од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред лицето на правдата.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?