Заев: Македонскиот јазик, македонскиот народ, македонската национална посебност не се тема за разговор

Од:

Договорот од Преспа прави јасна дистинкција кога се употребува придавката „македонски“, тоа е наша идентитетска придавка. Патот напред се решенија преку дебата и разговори. Реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор, изјави денеска премиерот Зоран Заев .

-Придавката „македонски“ е употреблива насекаде во светот на сите меридијани низ светот. Тоа е идентитетска наша придавка. Законот за ратификација на Преспанскиот договор прави јасна дистинкција кога зборуваме за Владата на РСМ, за МЗ на РСМ и таа дикстинција е јасна. Но, кога зборуваме за македонската историја, кога зборуваме за македонската политика за македонскиот исток како што е Штип, кога зборуваме за македонскиот народ, кога зборуваме за македонско, Македонец, македонска, македонско или слично секако придавката е идентитетска и таа е јасно дефинирана. Така што, во овој дел апсолутно нема никакви дилеми, рече премиерот Заев при денешнат апосета на Штип во одговор на новинарско прашање какви ќе бидат наредните чекори по неуспехот на Заедничката историска комисија да постигне каков било напредок на дводневната онлајн-средба што заврши вчера.

Според него, решенијата со записник се потврдени од двете страни и за цар Самоил и за Кирил и Методиј и за Климент и Наум, употребата од двете страни во учебниците треба да биде во духот на тоа пријателство. Тој е оптимист дека Бугарија ќе направи позитивен исчекор во однос на нашите евроинтеграции иако земјата ја очекуваат избори, во март следната година.

-Јас реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор. Иако е реално, знаат и самите, знаеме и ние дека секогаш на секое поглавје може да биде застанат процесот за сите земји, па така и за Македонија. Имајќи го тоа предвид имаме акциони планови, имаме наративи, меморандуми како да ги забрзаме процесите на градењето на уште поголемо пријателство помеѓу Македонците и Бугарите. Верувам дека можеме да успееме на тој пат. Во најмала рака, како што реков на 11 окотмври, и неколкупати предупредив знаејќи ја суштината на разговорите,треба да бидеме подготвени дека ќе се одложи ова прашање. Бугарија имаше разбирање кога беа изборите кај нас, има избори во Бугарија. Не велам дека тоа е причината, но не е исто кога сте пред избори и кога не сте пред избори, потенцира Заев.

Дециден е дека има голем потенцијал за унапредување на соработката како помеѓу две соседни и пријателски земји.

-Tреба да знаат сите дека македонскиот јазик, македонскиот народ, македонската национална посебност ниту е тема за разговор, ниту е на маса за разговор, ниту, пак, некој разговара за него. Во делот на историјата работа е на експертите и професионалците. Ќе изнајдат решение. Треба да ги цитираме документите што постојат. Низ тие документи да гледаме низ позитивниот аспект на пријателството, а не низ негативен дел кој не разделува. Тоа е европакaта иднина, рече премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска