Заев: Македонија има шанси за безусловна препорака во април и за датум за отпочнување на преговорите во јуни

Од:

Македонија има шанси, нашите очекувања се, во април месец да добиеме безусловна препорака, а во јуни месец да добиеме датум за отпочнување на преговорите, изјави денеска во Софија, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Тој учествуваше на работната средба меѓу лидерите на земјите-членки на Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Фредерика Могерини, и со еврокомесарот Јоханес Хан, под покровителство на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, како земја претседавач на ЕУ, информира владината прес-служба.

– Денеска беше едно споделено задоволство, помеѓу мене, премиерите на Западен Балкан, преку гостопримството на Бугарија и претседателот Бојко Борисов, да направиме едно резиме, со претседателот Јункер, со високата претставничка Могерини и со комесарот Хан, за заклучоците од посетата, севкупниот амбиент, и секако да разговараме за перспективите на Република Македонија и на целиот Западен Балкан, рече Заев.

Тој посочи дека е задоволен што во своите заклучоци, претседателот Јункер ветил сериозна инфраструктурна поддршка, односно пари за инфраструктурни проекти што треба да го поврзат Западниот Балкан меѓу себе и со целиот овој регион.

– Зборувавме за милијарди евра, пари кои се однесуваат и на коридорите и на севкупната поврзаност. Драго ми е, што претседателот Јункер, кој потврди дека е посветен пријател на Западен Балкан на патот кон евроинтеграцискиот процес. Како премиер на Република Македонија сум среќен, заради тоа што навистина нашите перспективи во Европската унија се водилка и кон стабилноста, но и кон реформските процеси кои што се случуваат во Република Македонија, рече Заев.

Изрази надеж дека ваквите сериозни позитивни пораки ќе овозможат дополнително охрабрување на институциите и на институционалната поставеност на Македонија, за да, како што рече, испорачаме завршеток на реформите во Македонија на еден суштествен начин. Според него, правосудството е многу важно, медиумската сфера е многу важна, реформата на јавната администрација, исто така и реформите на тајните служби и Министерството за внатрешни работи.

– Тоа се агендите на кои што сме посветени, и убедени сме дека навистина, до Самитот за Западен Балкан, овде во Софија, што ќе се одржи во месец мај, ќе можеме да се пофалиме со завршени резултати, како што и досега тоа го правиме во Република Македонија. Навистина, честа што оваа посета на Западен Балкан започна од Република Македонија, претставува и обврска исто така да се одржи континуитетот, да се биде буквално успешен во реформите, во очите на Европската унија, која што не проверува, не чекира и не потврдува, во делот на спроведувањето на реформите, истакна Заев.

Истовремено, посочи, тука е и чувството на одговорност да се сподели со граѓаните и со институциите дека навистина треба до крај да ги испорачаме реформите.

– Овие се вредни цели, кои што се исправени пред нас, и убеден сум дека заради ваквите цели, треба навистина да се посветиме сите и на крајот да го завршиме ова полугодие од 2018 година, со успех, додаде премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он