Заев: Македонија и Бугарија ќе потпишат десет нови договори

Од:

Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија е сериозен чекор на лидерство, зaтоа што лидерите носат одлуки тогаш кога е потешко, истакна во денешното излагање премиерот Зоран Заев, кој беше гостин на работилницата што ја организира Институтот за политичари од Софија, а се одржува во Струмица.

– Прашањето е дали се има доволно храброст со јасна визија и перспектива пред себе да се носи одлуката. И во Македонија и во Бугарија договорот претрпува сериозни критики, но ние, како премиери на двете држави, верувавме дека поголеми и позначајни се придобивките кои ќе ги имаат државите и граѓаните, рече премиерот Заев.

– Нашите влади ќе потпишат нови десет договори со нашите колеги од Бугарија. Тука може да има корист и полза за секој граѓанин од двете држави. Може да има повеќе пари преку отворање нов бизнис, нова културна или спортска соработка, од областа на образованието, туризмот, енергетиката и севкупната економија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди