Заев: Македонија добива поддршка од Унгарија за евроатлантските интеграции на нашата земја

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на маргините на Самитот на шефови на влади на источна и централна Европа за соработка со НР Кина, имаше средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Премиерот Заев, придружуван и од Заменик на претседателот на Владата на РМ одговорен за координација на економските политики Кочо Анѓушев, државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, кој воедно е и координатор на процесот „16+1“, и од амбасадорот на Република Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, ја истакна одличната организација на Самитот 16+1. Премиерот Заев се заблагодари за севкупната и значителна поддршка што Унгарија и ја дава на нашата земја на патот кон ЕУ и НАТО.

Претседателот на Владата на Република Македонија на средбата го претстави Планот 3-6-9, како и конкретните чекори што ги презема Македонија за подобрување на економската состојба и за привлекувањето на странски инвестиции.

Во разговорот со унгарскиот премиер, премиерот Заев посебно го нагласи инсистирањето на соработката со опозицијата за сите крупни и позначајни прашања битни за евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Премиерот Заев се заблагодари во име на Владата на РМ за поддршката на Унгарија во обезбедувањето на нашата јужна граница со Грција во однос на мигрантската криза со која се соочува ЕУ.

На средбата беше заеднички истакнато дека Република Македонија и Унгарија имаат одлични односи и дека ќе настојуваат и понатаму да ги унапредуваат во сите области.

Премиерот Орбан, кој на средбата беше придружен од министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, се заблагодари за учеството на Република Македонија на Самитот и воедно му упати честитки за премиерот Заев за неговиот избор за Претседател на Владата на Република Македонија.

Унгарскиот премиер нагласи дека неговата земја, како и досега, ќе продолжи со својата поддршка кон Република Македонија во евроатлантските интеграции

Економската соработа е во подем, истакна премиерот Орбан, и додаде дека Унгарија ќе продолжи да ги стимулира своите компании да инвестираат во регионот на Западен Балкан.

На средбата беше искажано задоволство и од започнувањето на проектот „брза пруга“ од Будимпешата до Белград, при што беше нагласено дека е важно тој проект да продолжи до Грција преку Република Македонија.

Премиерот Орбан нагласи дека треба да се искористи периодот за време на бугарското претседавање со ЕУ, и особено личната заложба на премиерот Борисов за интензивирање на интеграцијата на земјите од западен Балкан во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он