Заев: Коалицијата со Беса е историска и победничка

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по потпишувањето на Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април со движењето Беса кажа дека мултиетничкиот концепт го пресликуваат во коалиција со заедничка програма.

„Нашето општество се менува на подобро, нашиот концепт едно општество за сите го негуваме, а моноетничкиот систем за нас е минато. СДСМ во 2016 привлече 10 илјади албански гласачи. Мултиетничкиот концепт го пресликуваме во коалиција со заедничка програма, заеднички кадровски капацитети. Ќе работиме заедно на нашите заложби за подобро општество и обединување, во сферата на економијата, евроинтеграциите“, кажа претседателот на СДСМ.

Заев им честиташе на Беса затоа што го прифатиле предизвикот заедно да работат на подобро општество за сите.

„Во нашата заедничка куќа ставаме уште поцврсти темели. Оваа коалиција е историска, победничка и ќе биде најразноликата до сега. Им честитам на Беса кои се надминаа самите себеси и го прифатија предизвикот заеднички да работиме на подобро општество за сите. Ние сме сигурни победници на 12 април. Ќе освоиме доволно гласови. Ова коалиција се потпира на одредбите за спроведување на одредбите од Охридскиот договор, Преспанскиот и договорот од Бугарија. Секој кој размислува како нас е добредојден. За ВМРО-ДПМНЕ, додека е на чело Мицкоски, нема место. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да си преземат чекори за вистински реформи. До другите албански партии порачувам дека нема да прифатиме договори и преговори кои се темелат на уцени и пазарења. Прифатени ќе бидат оние кои ќе се држат до нашите принципи до граѓанскиот концепт, кој е нашиот основен пистулат, да работиме заеднички за иднината на нас и нашите деца“, изјави Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски