Заев: Ќе слушнете што се Груевски прифатил за името

Од:

Одговарајќи на новинарски прашања дали на снимките има и за договарање за името, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека ќе се објави што се Груевски прифатил за името.

„Кога ќе слушнете до каде Никола Груевски отишол со името и што сè прифатил, ќе слушнете до каде ни отишла државата“, рече Заев.

-Неколку причини напоменавме зашто одиме чекор по чекор и внимателно. Јас повторно ќе ги повторам. Скудноста со медиумскиот простор којшто ниту е фер ниту е правичен, дел од медиумите не нé следат, па дури и МРТВ којашто има законска обврска да пренесе наши ставови па граѓаните нека толкуваат, е една од причините зошто одиме чекор по чекор.
Втората причина е истовремено, народот да го дознае целото злосторство коешто му се случувало сиве овие години. Го слушнавте пред два дена премиерот вели, сето ова е заради тоа што сум загрозен. Кога ќе слушнете до каде отишол човекот со името, што тоа прифатил, ќе видите колку ни е загрозена и државата и народот. Кога ги гледав викендов сите овие недозволиви снимки, заради тоа што се од посебни истражни мерки и докази во постапка за Љубе Бошкоски. Кога знаат и малите деца дека Љубе Бошкоски ниту имаше ниту можеше да биде на позиции да продава име или слично. Порив вриеше во мене и во нас да излеземе со тоа. Но чекор по чекор, внимателно, ќе дознае јавноста.
А, изборите? Изборите се врв. Изборите како ги спроведуваат во 2011-та, 2013-та и 2014-та покажува дека такво нешто нема никаде во светот. Дека такви работи коишто не можете да ги нотирате што памет не му носи на било кој човек, а значат незаконски и недозволиви работи во изборниот процес, се правени во нашата Македонија. Изборите и изборните нерегуларности се врв, заради тоа што од тука Груевски го црпи лажното право, преку волјата на граѓаните да го наметнува сето ова што сега го покажуваме во јавноста.
Бидете трпеливи, следете нé чекор по чекор, ништо не може да нé спречи доказите да излезат, и ќе излезат до крај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”