Заев: Ќе се обидеме да ја убедиме Европската Комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ја започна дводневата посета на Брисел и денеска говореше на трибината на тема „Македонија и регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Европската Унија“ во организација на Центарот за европски политички студии.

– Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Република Македонија и да ја убедиме Европската Комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година, напиша Заев на неговиот Фејсбук профил.

Во текот на утрешниот ден Заев ќе се сретне со Жан-Клод Јункер, Антино Тајани и Федерика Могерини.

Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Би можело да ве интересира

Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

Брисел ја обвинува Русија за хаосот во Сеута

Пожар на градилиште во Брисел, шест лица се водат како исчезнати

Горан Наумовски