Заев: Ќе се интензивираат градежните активности и во високоградбата

Од:

Претстои период на интензивирање на севкупните градежни активности во земјава и покрај нискоградбата, што претежно ја финасира државатa преку капиталните инвестиции, ќе се раздвижи и високоградбата, која може да биде голем двигател на македонската економија и е многу неопходна за раст на БДП на дражавата, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-На тоа работиме заедно со економскиот тим и доколку се реализира 20 до 30 отсто од предвиденото ќе придвижи многу во бројки и во економски стандард кој ќе го почувствуват граѓаните, но ќе придонесе и за севкупен раст на БДП на државата, рече Заев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека имал средба со Градежната комора и претставниците од повеќе градежни компании кои презентирале план од инвестиции вреден милијарда евра што треба да се реализира во следните две до три години, но се договориле градењето да биде со мерка.

-Тоа е значајно за БДП на државата и отворање на работни места во градежништвото, бидејќи високоградбата и нискоградбата движат 72 гранки дејности и поддејности. Ние сме ветиле дека Скопје и големите градови ќе продолжат да се развиваат, но со услул, а мегаломанските проeкти се откажуваат. Законите за просторно и урбанистичко планирање се донесени и тоа значи маркирање во рамки на парцела и соодветно зеленена површина во лоакцијата, појасни Заев.

За мене, додаде, е значаен состанокот што го одржав со градоначалниците од Скопје и другите региони со што дефинитивно се раздвижија работите.

-Драго ми е што многу проекти кои беа застанати во Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел, Гази Баба, но и во другите скопски општини и сите други рурални општини се раздвижуваат. Во моментов гледам 50-отстотна ефикасност од состаноците што ги имав. Работите се раздвижени и од 25-те големи парцели кои беа проблематични, сега 12 се веќе раздвижени, а за останатите 13 се разговара, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?