Заев: Ќе го подигнеме нивото на разговорите, министрите за надворешните работи ќе ги преземат преговорите

Од:

Остануваме посветени на преговарачкиот процес, а ќе го подигнеме и нивото. Министрите за надворешни работи ќе ги преземат преговорите. Тие ќе работат со нивните тимови, што ќе дозволи повеќе динамика и суштина во преговорите, изјави македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, по денешната двочасвона средба.

– Ние сме посветени на имплементација на мерките на градење доверба со нашиот сосед и надминување на отвореното прашање. Свесни сме дека сме на вистинскиот пат да постигнеме добрососедски односи кои ги поддржуваат нашите евроатлантски перспективи. Сакаме да станеме еднавки партнери во ЕУ и лојални партнери во НАТО. Сакаме да си помагаме и поддржуваме во тешки и предизвикувачки моменти, изјави Заев.

Тој рече дека во минатото сме покажале дека може да работиме заедно на проблемите за меѓусебен итнерес.

– Ние како премиери имаме политички мисија, волја и одговорност да работиме за надминување на спорот. Редно време е да се изнајде решение, бидејќи тоа е клучно за нашите ЕУ и НАТО перспективи, заклучи Заев и додаде дека конечното решение мора да биде прифатливо за двете страни.

Премиерот Заев истакна дека мора да се води грижа и за нашите и нивните национални интереси и дека секое решение мора да биде во насока на заштита на идентитетот.

Тој најави и дека македонската влада ќе го примени името на аеродрмот и на автопатот.

– Нашите активности ја покажуваат нашата добра волја и тоа сведочи за фактот дека немаме никакви територијални аспирации спрема нашиот сосед, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Ципрас основаше нова политичка партија

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен