Заев: Ќе барам одговорност доколку се докаже вмешаност или влијание на функционери во вработувањата

Од:

Премиерот Зоран Заев ќе бара одговорност од функционерите доколку од страна на сите надлежни институции се докаже дека имало вмешаност или влијание при вработувања во државните институции.

Ова го најави денеска Заев, кој учествуваше на конференцијата „Институционални реформи за борба против корупција, најдобри практики движејќи се кон европскиот модел – Италијанскиот пример“

Заев ќе бара одговорност од функцкионери дококу ДКСК открие дека имало вмешаност или влијание при вработувањата.

– Ако Антикорупциска или која било друга институција покаже и докаже дека имало вмешаност, кршење на законот, судир на интереси ќе барам директна одговорност, изјави Заев.

На новинарско прашање зошто досега нема оставка од блиски роднини вработени во државни институции од коалиционите партнери, претседателот на Владата дециден дека пораката е упатена до сите.

– Оставам секој сам да си ја носи одлуката, своите чувства и одговорност, пред се етичкиот однос е многу важен. Затоа пораката ја испратив до сите, рече Заев, додавајќи оти фокусот мора да биде на еднаквоста на граѓаните пред институциите на системот.

Очекувам, потенцира, таму каде етичкото чувство не е исполнето да се повлечат чекори, но истовремено очекувам пред законот сите граѓани да имаат еднакви шанси.

– Ги поздравувам етичките одлуки на сите јавни функционери, без разлика дали се од извршната власт или од која било друга власт: собраниска, судска или локална, кои ќе преземат ваков чекор, затоа што не мора нешто да е кривично дело. Етичкиот однос, исто така, е важен постулат по кој треба да се водиме и да испраќаме пораки на примери што се неопходни за севкупниот развој во Република Северна Македонија, изјави премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов