(ВИДЕО) Заев: Kики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат

Од:

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат“, е коментарот на премиерот Заев на прашање дали тие функционери кои се поврзуваат со случајот „Рекет“ биле присутни на партискиот состанок вчера.

Заев повтори дека власта се залага за бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и дека вчершаната нова декларација на СДСМ не била поврзана само со случајот „Рекет“.

Кога ќе ги соопштите јавно тогаш ќе може да зборувате за нив, па ако ги знаете кажете ги, па нека ве тужат за клевета. Кики и Фрики за мене не постојат. Кога се впуштате во истражувачко новинарство, треба да бидете храбри. Повелете истакнете го секој, истражните органи ќе ви дадат податоци дали има истраги или не, и секако секој ќе си ја сноси одговорноста. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство. Само така ќе може да ја потсредиме државата од многу аспекти. Како добро информиран, гледате како зборувам отворено, за одредени случаи како што има конфронтација, но каде што има шпекулации, може да се нанесат сериозни штети за чест и углед на одредени луѓе. Јас тоа нема да го дозволам. Не сакам да навлезам во коментари за некои псевдоними. Ќе бидам директен, кога ќе се соопштуваат имињата и ако се соопштуваат имињата.

Во однос на обвинувањата на дел од бизнисмените дека во „Рекет“ има замешано луѓе од финансиска полиција, рече дека не бил запознаен.

“Апелирам сите не само бизнисмените да пријават ако имаат индицици за незаконско однесување.”, повтори премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов