Заев-Јонкер: Претседателските избори се исклучително важни

Од:

Претседателските избори се исклучително важни, а отворениот политички дијалог со сите партии е во интерес на државата и граѓаните, е главниот заклучок од денесшната средба во Скопје меѓу премиерот Зоран Заев и Корин Јонкер, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски избори.

На средбата, информираат од владината прес-служба, е оценета важноста на обезбедување услови за регуларен и успешен процес за спроведување на претседателските избори и за потребата од висока одговорност од страна на сите субјекти во државата, за да се осигура демократското изјаснување на граѓаните.

-Претстојните претседателски избори се исклучително важни и ние сме целосно посветени да спроведеме комплетно демократски, транспарентен и доверлив процес за остварување на кристално чисти и фер претседателски избори. За ова разговаравме и со лидерот на најголемата опозициона партија и отворени сме за продолжување на дијалогот со неа и со сите политички партии во интерес на напредокот на Република Северна Македонија и за подобра иднина на нашите граѓани, рекол премиерот Заев.

Нагласил дека кампањата на кандидатите за претседател на државата, која започна пред неколку дена, се одржува во пријатна атмосфера, подвлекувајќи ја посветеноста и одговорноста на Владата за обезбедување регуларен, слободен и успешен процес за избор на претседател на државата. На средбата се разговарали и за повеќе актуелни теми со фокус на претседателските избори.

На средбата е изразена согласност за важноста на Извештајот што ќе го изготви ОБСЕ/ОДИХР за претстојните избори, со оглед дека земјава очекува почеток на преговорите со Европската Унија и отворање на поглавјата, што според премиерот Заев, е исклучително важно со оглед на тоа што Република Северна Македонија е држава која ги почитува европските и демократските вредности и има единствена цел да продолжи во тој правец.

Набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР внимателно ги следат процесите и активностите и работата на институциите, известувањето на медиумите за време на кампањата вклучително и мониторинг на денот на изборите, соработувајќи со делегации на набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот