Заев: Ја поздравуваме целосната поддршка на Црвенковски кон СДСМ

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека му е драго ми е што поранешниот претседател на Македонија и на СДСМ, Бранко Црвенковски излегол со поддршка на СДСМ и раководството на партијата.

„Со оглед на тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и длабоката политичка криза, добро е што поранешниот претседател на државата се произнесе и ги соопшти негови ставови за состојбите во земјата. И СДСМ, и лично јас како претседател на партијата, ја поздравуваме целосната поддршка што Црвенковски ја изразува кон СДСМ и кон раководството на партијата. За иднината на Македонија и нејзините граѓани неопходно е секој поединец да го даде својот придонес во остварувањето на зацртаните цели со проектот „Вистината за Македонија“, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во нашата држава, а посебно ако тоа доаѓа од искусни луѓе како што е поранешниот претседател Бранко Црвенковски“, изјави Зоран Заев за Дојче Веле.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!