Заев: Изборите продолжуваат, нема причини за одложување

Од:

Изборите продолжуваат. Нема никакви причини за какво било одложување. Безбедносните протоколи се прифатени од ДИК, одобрени се од ОБСЕ/ОДИХР. Навистина се совршено направени и граѓаните не треба да стравуваат ниту за кампањата, а посебно не за денот на гласањето, соопшти денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој апелираше сите граѓани да излезат на гласање заради тоа што, како што рече, така добиваат легитимитет институциите.

– Навистина, ако можеме да поминеме половина час, час или два часа на пазар, во дуќан, во аптека, насекаде, во ресторан, во кафетерија, три до пет минути можеме да одиме да гласаме, сите, и да ја исполниме нашата граѓанска должност со сите здравствени протоколи коишто ќе бидат обезбедени на сите стопроцентно гласачки места во државата, изјави Заев.

Потенцира дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ која комплетно се придржува на сите безбедносни протоколи.

– Тоа го правиме на најсериозен и внимателен начин со мал број на луѓе, до 50 се обично на отворени места, останатите од зад се на целосна дистанца коишто доаѓаат на нашите митинзи заради тоа што сме на отворени простори, доаѓаат луѓето. Максимално сме посветени тоа да го организираме однапред, кога се работи за теренски активности, па дури вчера се качивме на Пониква за да биде на воздух, на отворено и да биде на доволно широк простор. Насекаде сме на големи отворени парковски површини, плоштади, мали плоштатчиња и слично, се со конечна цел да ја обезбедиме дистанцата. Маските се носат постојано. Секако дезинфекцијата се почитува максимално, нагласи Заев.

Најави дека и натаму ќе водат максимална грижа за заштита на здравјето и здравствената безбедност на граѓаните, и повика на масовен одѕив на изборите на 15 јули.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски