Заев: Избори мора да има час поскоро, гласање ќе се одржи согласно безбедносните протоколи

Од:

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам, напиша на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Време е, пишува Заев, нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со КОВИД-19.

– Носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржаа координативни состаноци, делеа маски и разговараа со локалното население. Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје, пишува на Фејсбук, Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?