Заев и Мицкоски договорија средба, ќе разговарале за државата да оди напред

Од:

Премиерот Зоран Заев вечерва на својата страница на Фејсбук соопшти дека договорил средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која ќе разговараат за важни актуелни прашања.

Лидерот на најголемата опозициска партијаМицкоски претходно го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите…

„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред,“ напиша Заев.

До иницијативата за средба доаѓа откако мнозинството и опозицијата во Собранието денеска постигнаа договор да се одблокира работата на законодавниот дом и да се донесат законите за државната антикризна помош за стопанството.

Законите, сепак, најверојатно ќе останат блокирани, откако вечерва Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа над 3.000 амандмани, условувајќи го ослободувањето на процесот со поддршка за измените во Законот за државјанство кои ги предложија, но им беа одбиени.

Би можело да ве интересира

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме