Заев и Ковачевски на средби со коалициските партнери

Од:

Новоизбраниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и актуелен премиер Зоран Заев денеска ќе одржат средби со претставници на коалициските партнери што се дел од парламентарното мнозинство.

– Станува збор за консултативни средби за запознавање со начинот на досегашната соработка со коалицииските партнери, како и идната соработка во коалицијата, потврдуваат од СДСМ.

Се очекува до крајот на неделава да се изврши и официјално примопредавање на лидерската функција во СДСМ откако Ковачевски завчера на внатрепартиски избори беше избран за нов претседател на местото на Заев, кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата